Литванците со победа се простија од Мундобаскетот

Литванија која имаше далеку поголеми амбиции, денеска ги заврши настапите на Мундобаскетот во Кина со победа над Доминиканска Република од 74:55. Амбициите на Литванија за највисок пласман се срушија по контроверзниот пораз од Франција, а за кој и ФИБА призна дека е направен судиска „грабеж“.

Литванци  против Доминиканска Република ја демонстрираа нивната препознатлива игра, силна одбрана и чисти шутеви во нападот која по првите 20 минути им донесе двоцифрена предност (38:24).

Во третата четвртина, противникот се обиде да се врати во игра, но минимално освоената четвртина не беше доволна за враќање во натпреварот (52:39), за последната четвртина Литванија рутински да ја одработи.

Валанчиунас и Лекавичиус беа најефикасни со по постигнати 19 поени, додека кај Доминиканска Република напрецизен беше Мендоза со 14 поени.

Црна Гора во последниот натпревар на СП во Кина, дојде до првата победа. Црногорците со 80:65 ја победија Јапонија за која брилјираше Јута Ватанабе со 34 постигнати поени. Никола Вучевиќ беше прво име кај Црна Гора со 18 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот