Литванците останаа без селектор

фото: ФИБА

Кошаркарската репрезентација на Литванија по завршувањето на настапите на Мундобаскетот ќе остане без селекторот Даиниус Адомаитис. Тој одлучи по контроверзниот пораз од Франција во втората фаза, да си поднесе оставка, објави литванскиот новинар Донатас Урбонас.

Урбонас на својот профил на Твитер исто така откри дека и самиот Адомаитис ја потврдил оваа информација.

Литванскиот тренер беше лут на судиите по поразот од Франција и на прес конференција по натпреварот изјави дека судењето е ср*ње, а исто така имаше големи замерки за судиите и на другите натпртевари на неговата репрезентација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот