Литература.мк Superstore – Скопје ја добива најголемата книжарница во Македонија!

Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која е со површина од 500 м², свечено ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во соработка со „Скопје сити мол“.

Во чест на отворањето на Literatura.mk Superstore концерт ќе одржи ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО. Ексклузивниот настап на македонскиот гитарски виртуоз, придружуван од неговиот син Јан Стефановски и младиот басист Иван Кукиќ, ќе може да се проследи онлајн, преку фејсбук-профилот и јутјуб-каналот на „Литература.мк“.

Новата суперпродавница на „Литература.мк“ е дел од големиот двегодишен проект на „Скопје сити мол“, кој започна во октомври 2019, сè со цел збогатување на содржините и подобрување на понудата што им ја нуди на своите посетители.

Книжарницата, која има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар, е сместена на вториот кат на „Скопје сити мол“, на местото на некогашната игротека, на неколку метри од досегашниот продажен простор на „Литература.мк“.

-Во новиот продажен простор „Литература.мк“ ги носи светските книжарски трендови, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата. Како и останатите книжарници „Литература.мк“, така и новата суперпродавница ќе ја збогати понудата на македонската книжевна сцена со најбараните светски и домашни наслови од „Арс Ламина“ и останатите издавачки куќи кај нас. Ќе биде застапен голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на македонски, албански, англиски, германски и на француски јазик, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Бранка Бугариска Арс Ламина.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот