ЛИТЕРА 2020: Уметничка вредност на илустрацијата

Македонскиот сликар и илустратор Ване Костуранов ќе биде уметнички директор на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература за деца и илустрација „Литера 2020“. Костуранов со своето искуство и знаење ќе придонесе за збогатување на визуелниот и содржинскиот сегмент на фестивалот.

По премиерното издание минатата година, организаторите најавуваат дека „Литера 2020“ ќе биде уште повозбудливо доживување за најмладите, родителите и професионалците. Целта на фестивалот е на интересен и креативен начин да се поттикнат читателски навики, да се создадат високи естетски вредности и да се подигне свеста за важноста на емоционалната интелигенција кај децата. Професионалците ќе имаат можност да присуствуваат на мастер-класови на светски имиња во полето на илустрацијата. „Литера 2020“ ќе се одржи од 10 до 12 април во Младинскиот културен центар во Скопје.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 17, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 февруари 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот