Листата секојдневно се зголемува: Ова се државите во кои е потврден коронавирусот

Бројот на заболени од коронавирусот константо расте ширум светот. Моментално се потврдени 80.410 случаи, а починаа 2.708 луѓе. Исто така, од вирусот оздравеа 27.879 лица.

Коронавирусот е потврден во дури 41 држава. Епицентарот е во Кина, каде се забележани 77.666 случаи, од кои 2.664 беа фатални.

Понатаму, по бројот на заболени следи Јужна Кореја (977 заболени, 11 мртви), на крузерот „Дајмонд принцес“ се заразија 691 лице и оние главно ќе бидат лекувани во Јапонија. Потоа следи Италија (323 заболени, 11 мртви), Јапонија (161 заболени, 1 мртов), Иран (95 заболени, 16 мртви).

Кој уште е на листата?

Сингапур (91 заболен), Хонгконг (85 заболени, 2 мртви), САД (57 заболени), Тајланд (37 заболени), Тајван (31 заболени, 1 мртов), Бахреин (23 заболени), Австралија (22 заболени), Малезија (22 заболени), Германија (17 заболени), Виетнам (16 заболени), Франција (14 заболени, 1 мртов), Велика Британија (13 заболени), ОАЕ (13 заболени), Канада (11 заболени), Макао (10 заболени), Кувајт (9 заболени), Шпанија (6 заболени), Ирак (5 заболени), Оман (4 заболени), Филипини (3 заболени, 1 мртов), Индија (3 заболени), Австрија (2 заболени), Белгија, Камбоџа, Хрватска, Египет, Финска (1 заболен).

По еден случај од заразата е забележан и во Либан, Непал, Шри Ланка, Шведска и Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот