Листата на желби на Зидан има шест имиња

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Реал Мадрид не игра според очекувањата поради што тренерот Зинедин Зидан бара тимот да се засили во зимскиот преоден рок. Зидан бара од својот претседател Флорентино Перез бара во јануари да му купи шест засилувања со кои ќе ги нападне трофеите во Ла Лига и во Лигата на шампионите.

Прво име на списокот на Зидан, очекувано е тоа на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба. Реал и во летниот преоден рок се обиде да дојде до потписот со Погба, но англискиот тим не сакаше да се откаже од Французинот за сума помала од 180 милиони евра. Перез засега не е расположен да ја плати бараната сума за Погба бидејќи на лето планира да тргне со сите сили по Килијан Мбапе од ПСЖ за кого ќе треба да извои најмалку 250 милиони евра.

Зидан сака Перез да му ангажира уште еден Французин во јануари, Нголо Канте од Челси кој ќе чини најмалку 100 милиони евра и тоа е решение за кое претседателот планира да разговара со сопственикот на „сините“, Роман Абрамович.

На листата на желби се наоѓа и соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Фабијан Руиз, но најверојатно овој трансфер ќе се одложи за наредното лето.
Решението за проблемите во средниот ред, Зидан го гледа во Дони ван дер Бек кој и сезонава игра фантастично во Ајакс, а „Марка“ објави тоа е готов трансфер, но официјалниот потпис на Холанѓанецот ќе следи во летниот преоден рок идната година.

„Марка“ исто така објави дека ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн, кој исто така се наоѓа на списокот на Зидан е невозможна мисија.
Последно име на списокот на желби на Зидан е младот англиски репрезентативец Џејдон Санчо кој би чинел исто така најмалку 100 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот