Лисичани до крајот на месецот ќе почекаат за „гумените перничиња“

Иако им беше ветено на жителите на Населба Лисиче дека до 15 октомври долж „12-та Македонска ударна бригада“ на четирите раскрсници ќе бидат поставени по четири гумени перничиња на двете страни од булеварот, сепак од тоа ништо не се случи.

„Слободен печат“ дојде до информација дека од Град Скопје бил доставен налог до Ј.П. „Улици и патишта“ за поставување на ветените перничиња, при што контактиравме до надлежните лица во ова претпријатие до каде е постапката.

– Тендерот е во завршна фаза, се очекува во текот на следните неколку дена да биде потпишан договорот со фирмата извршител. Според законските прописи, по потпишувањето на договорот е предвиден рок од 15 дена за жалба, доколку нема, договорното лице има рок од 15 дена да ги испорача. Веднаш штом ќе ги добиеме, истите ќе бидат поставени долж булеварот – ни изјавија до Ј.П. „Улици и патишта“.

Прочитајте и...  Помпео на средби со Мицотакис и Денедиас во Атина

Од ова претпријатие велат дека се запознаени со случајот и загрозената сообраќајна безбедност на жителите од оваа населба, затоа што како велат и тие, на овој булевар се вози со многу голема брзина, а несовесните возачи не внимаваат на пешаците. Тие исто така велат дека доколку овие перничиња не го решат проблемот, најидеално решение ќе биде изградба на кружни текови на барем две од раскрсниците.

Инаку за потсетување, жителите на Населба Лисиче десет дена протестираа долж булеварот барајќи да се постават семафори на булеварот „12-та Македонска ударна бригада“ со цел да се стопираат бесните возачи кои „лудуваат“ на оваа делница, а притоа се загрозува безбедноста на сите жители на оваа населба.

Лисичани делумно ја постигнаа целта: Со „перничиња“ ќе се стопираат бесните возачи

Прочитај повеќе

Рама од Валона најави: Албанија ќе ги олесни анти-ковид мерките

Слободен печат

Силен земјотрес во близина на Света Гора

МИА Агенција

Помпео на средби со Мицотакис и Денедиас во Атина

МИА Агенција

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Јом Кипур

Слободен печат

Азербејџан: Општа мобилизација во земјата не е неопходна

Слободен печат

Бектеши: Продолжува поддршката за туристичкиот сектор во текот на пандемијата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Превентива и ран скрининг клучни за намалување на ризикот од појава на рак на дојка

Слободен печат

Снежна покривка на Кораб (ФОТО)

Слободен печат

Алиев: Азербејџан нема да молчи за постапките на Ерменија, имаме загинати и ранети војници

Слободен печат

И ЕУ побара итен прекин на воените активности во Нагорно Карабах

Слободен печат

Алармантна состојбата со новиот коронавирус во Франција

Слободен печат

Обоено грчкото знаме на Кастелоризо, Грција очекува Турција да го осуди инцидентот

МИА Агенција