Лишен од слобода кумановец, пронајдени мигранти во неговото возило

Македонска полиција / Фото: МИА

Синоќа околу 19:20 часот кај наплатната станица Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода Ф.А.(40) од Куманово, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Тој бил лишен од слобода затоа што при контрола на патничко возило „фолксваген туран” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица – мигранти од Куба. По преземени мерки, било утврдено дека лицата илегално влегле во Република Северна Македонија, појасни Додевски.

Тој додаде дека тие биле пренесени во Прифатниот центар Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.

– По целосно документирање на случајот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, рече Додевски.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот