Лисабон: Апсурдно е што Британија воведува карантин за патници од Португалија

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Министерството за надворешни работи на Португалија денеска оцени дека е „апсурдно” што Велика Британија воведе карантин за патниците од Португалија, која има многу помалку заразени и починати од коронавирусот.

– Апсурдно е што една земја, Велика Британија, која има 28 пати повеќе смртни случаи од коронавирусот од Португалија, наметнува карантин за патници од Португалија, објави министерството на Твитер.

Реакцијата на Лисабон уследи откако Лондон објави список на земји чии патници нема да мора да бидат ставени во карантин при влез во Велика Британија, а меѓу кои не е Португалија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот