Лиса Шаќири со пост за Груби и Касами: Престанете да нѐ омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите

Лиса Баута Шаќири / Фејсбук

Лиса Баута Шаќири посвети пост на Фејсбук за вицепремиерот Артан Груби, како реакција на неговите најави за субвенционирање приватни фирми за вработување на Албанци и лица од други заедници, и до Биљал Касами од Беса за изјавата за двојазичност во приватните фирми.

Артан Груби во едно од своите последните обраќања во јавноста вети субвенции за приватни фирми што ќе вработуваат Албанци и припадници на други малцинства), додека, пак, Билал Касами побара воведување на приватниот сектор отио, како што вели, дел од Албанците не знаеле македонски.

– Значи дечки да се разбереме. Прво, ние не сме ниту глупи, ниту необразовани, ниту прости, а фала богу сме здрави и прави и подеднакво конкурираме на трудовиот пазар и со Македонци и со Германци и други, и тука и во странство. Не сме ништо помалку стручни од ниедни други, а стручната спремност е индивидуална и секој според заслугите во приватни фирми“, пишува Шаќири во постот.

Таа потоа им сугерира како на партии дека „можете да направите барем едно мало делче на кадарот што го вработувате, да не биде делегиран од вашата партија, туку да им се даде еднаква шанса на сите Албанци, без разлика дали има или нема вложено труд за партијата или поседува или не партиска книшка.

– Второ, ретко кој дипломиран Албанец не знае македонски. Тие што студирале надвор од државата може да не знаат, ама тие не ви се враќаат да ве молат, се вработуваат во топ фирми низ Европа и Америка. Двојазичност не можете да наметнете и кај приватни сопственици, па ни македонски јазик не можете да наметнете кај албански или странски приватни фирми што работат тука. Во приватниот сектор веќе постои двојазичност секаде каде тоа носи екстра профит. Почнувам од берберот што ми е комшија и зборува освен својот македонски, и албански, па се до поголеми фирми, порачува Шаќири.

Конечно, вели таа на крајот, „престанете да нè омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите.

– Оваа ваша евтина популистичка и божем патриотска игра придонесува да изгледаме уште поинфериорни од тоа што им се причинуваме на Македонците“, заклучи Шаќири и ги поздрави со „фалеминдерит шуме, пријатно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот