5 C
Скопје

Лиса Шаќири до лидерот на Левица: Апасиев најдобро е да не им се обраќа на Албанците, сè додека е вака настроен кон нив

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера на неговиот фејсбук-профил напиша статус во кој им се обрати на Албанците во Македонија:

„Драги сограѓани АЛБАНЦИ. Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара со Република Турција за тоа дали Скендер Бег е Албанец или Турчин!? Дали ќе се осеќате пријатно? Дали тоа нема да ве фрустрира?

Е токму тоа нас ни го прави Бујар ОСМАНИ од ДУИ!  Во име на Македонците преговара со Бугарите што биле Кирил, Методиј, Климент, Наум, Самоил, Гоце… Со кое право? Со чие полномошно? Затоа, драги сограѓани Албанци. Сега, во овие драматични моменти, кога дрско и тајно се распродава нашиот идентитет во Софија, сега е моментот да го осудите Османи и да застанете рамо до рамо со нас, вашите вековни комшии!

Прочитајте и...  Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година

Смрт на фашизмот, слобода на народот,“, напиша Апасиев.

На неговата објава реагираше Лиса Баута Шаќири, м-р по правни науки, во јавноста позната и како сопруга на пејачот Бени Шаќири и ќерка на некогашниот фудбалски судија Беким Баута.

„Драги Албанци, а и Македонци и сите народи што живееме тука.

Г. Апасиев очигледно не може да се помири дека Албанец може да биде министер за надворешни работи. Исто така, Апасиев не може да сфати дека ниту една политичка фигура не смее да преговара за идентитетот на Македонците, ниту па може да одлучи „чиј е Гоце“ или како се вика јазикот на кој зборуваат Македонците. Бугарските власти моментално добиваат некој поен таму кај нивните гласачи со некоја си дебилна реторика, па сега Османи бил крив!

Прочитајте и...  НУК со барања до Владата и рок до 25 јануари за нивно прифаќање: Безусловна субвенција за сите вработени во угостителската индустрија додека траат рестрикциите

Апасиев треба да сфати една работа, а таа е многу едноставна: се додека е фашистички, национал-шовинистички настроен према Албанците, најдобро е да не им се обраќа!

Нека се присети дека Албанците ниту еднаш, во никаква прилика, не оспориле ниту знаме, ниту јазик, ниту име, а ниту црква!

И пред апелот на Апасиев ние бевме и ќе останеме тука рамо до рамо со нашите сограѓани македонци исто (а дури и по сплотени), како векови наназад!

Слобода на говор, а не говор на омраза!

П.С. Ах да, ова е најбитно: Ние не сме комшии тука, ние живееме под исти кров!“, реагира Шаќири.

Лиса Шаќири со пост за Груби и Касами: Престанете да нѐ омаловажувате и прикажувате како помалку квалитетен кадар од другите

Поврзани вести

Студија: Мадрид, Антверпен и Торино се најзагадени градови од азот диоксид во Европа

Слободен печат

Заев: Нема разговори за идентитетот и јазикот

Слободен печат

Хоџа и Нуредини во Анкара: Создаваме можности за нови инвестиции и соработка во областа на одржливо управување со водни ресурси и заштита на шумскиот потенцијал

Слободен печат

Трамп се прости: Се гледаме наскоро

Слободен печат

Претседателот Пендаровски на средба со раководствата на компаниите учесници во програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери”

Слободен печат

🔴 ОД МИНУТА ВО МИНУТА I Бајден денес станува претседател: Вашингтон е под опсада на војската

Слободен печат

Остави Коментар