Лиса Кудроу ја изненади јавноста: Немам гледано ниту една епизода од „Пријатели“ (ВИДЕО)

Profimedia
Profimedia

За време на видео-интервјуто со колешката Џенифер Анистон, актерката Лиса Кудроу откри шокантен факт, а тоа е дека никогаш не ја гледала култната тв-серија „Пријатели“.

View this post on Instagram

Favs?

A post shared by Holly? (@lisa._.kudrow) on

Меѓутоа, Кудроу додала дека сака тоа да го направи заедно со остатокот од екипата.

„Не ја гледам серијата. И понатака не ја гледам од причина што сакам еден ден сите да се собереме и да ја погледнеме заедно“, изјавила Кудроу за „Верајети“ во емисијата „Актери“.

Од друга страна, Џенифер Анистон која ја играше неповторливата Рејчел Грин, изјавила дека во последно време го гледа овој ситком.

После првото читање, Анистон истакнала дека и понатака има вивидни чувства за тоа како било кога ја запознала Лиса прв пат:

„Носеше соодветна Фиби Буфе облека. Беше во бела ленена хипи маица со многу школки и ланчиња“.

И Анистон и Кудроу треба да учествуваат во повторното собирање на „Пријателите“, заедно со колегите Кортни Кокс, Мет Лебланк, Дејвид Швимер и Метју Пери.

Премиерата за специјалот требаше да биде оддржана во мај, со лансирањето на платформата ХБО Макс, но беше одложена поради пандемијата од коронавирусот.

Сега кружат гласини дека снимањето ќе биде продолжено во август оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот