Липи: Јуве е најдобрата опција за Де Лихт

Освен италијанскиот шампион, за услугите на де Лихт се заинтересирани уште екипите на Манчестер јунајтед и ПСЖ, ќе видиме дали летово дефанзивецот на Ајакс ќе се одлучи за трансфер.

Човекот кој своевремено го водеше Јуве на тренерската клупа е одушевен од можноста де Лихт да го облече торинскиот дрес.

– Мислам дека најдобро е де Лихт да го облече дресот на Јувентус. Со добар баланс, технички силен и реализира голови. Сум гледал големи играчи како Неста, Барези, Малдини, Ферара, Канаваро, Матераци, но никогаш не сум видел таков добар играч во негови години – рече Липи.

Според легендарниот стратег Јуве би добил многу на квалитет ако холандскиот фудбалер биде покрај Кјелини и Бонучи.

Тоа би бил клуч Јуве биде уште посилен и тогаш би можел да ја оствари секоја цел, па дури и го освои толку посакуваниот трофеј во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот