Лион се плаши од судијата пред мечот со Сити!

фото: твитер

Доколку „граѓаните“ триумфираат на денешниот меч, холандскиот шампион Ајакс ќе добие место во групите на ЛШ…

Денеска (21.00 часот) на стадионот „Жозе Алвеладе“ во Лисабон ќе го дознаеме последниот патник во полуфиналето од Лигата на шампионите, силите ќе ги одмерат Манчестер сити и Лион.

Победникот од оваа пресметка во следната фаза ќе ги одмери силите против Баерн Минхен кој вчера ја понижи екипата на Барселона (8:2).

Главен судија на вечерашниот дуел ќе биде Дени Макели од Холандија и францускиот претставник се плаши токму од човекот кој што ќе дели правда, еве и зошто…

Французите веднаш штом дознаа од каде доаѓа арбитарот, бурно реагираа до УЕФА со барање да се промени главниот судија. Од исходот на дуелот Лион-Сити зависи и иднината на холандскиот шампион Ајакс во ЛШ следната сезона.

Доколку Манчестер сити триумфира на денешниот меч, Ајакс ќе добие место во групната фаза, а доколку Лион слави, тогаш шампионот на Холандија ќе мора да игра во квалификациите.

Од Холандија доаѓаат и коментари дека УЕФА погреши со изборот.

Дени е одличен судија, УЕФА му верува, а сега таа го компромитираше. Што доколку досуди пенал за Сити, кој е на работ на фаул, во 90 минута, можете да замислите какви ќе бидат реакциите на француската јавност. Сè ова се постапува поинаку – се зборовите на Дик Јол – своевремено еден од најдобрите европски судии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот