Лино Червар заврши во болница: Преку глава ми е од се

epa08960864 Croatia's head coach Lino Cervar reacts during the Main Round match between Argentina and Croatia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 23 January 2021. EPA-EFE/Anne-Christine Poujoulat / POOL

Сега веќе поранешниот селектор на ракометната репрезентација на Хрватска, но и поранешен селектор на Македонија и тренер на Металург, легендарниот Лино Червар, денеска е опериран поради проблеми со камен во бубрезите. Червар беше примен во болница пред неколку дека кога се искомпликува неговата здравствена состојба.

– Добро сум колку што можам да бидам. Најпрво проблеми со бубрезите, а потоа и други проблеми со грбот. Извадив каменчиња од бубрезите преку уринирање. Ми ставија катетер по седми пат. Тоа е нешто ужасно и блазе си му на тој што не го доживеал ова. Тој не знае какви маки се овие – ја објасни Червар за „Индекс“ здравствената состојба.

– Сега ме чека решавање на преблемите со грбот и нервот кој удира на рбетот. Ме чека магнетна резонанца по која ќе видиме дали ќе морам да одам на операција или проблемот ќе се решава преку терапија – вели Червар кој откри дека проблеми имал и за време на Мундијалот во Египет.
Нормално, секој ден примав по неколку инекции на ден. Преку глава ми е од се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот