Линијата нормализирана: Возот на релација Скопје-Кочани-Скопје повторно во сообраќај од попладнево

Фото: МИА

Патничкиот воз на релација Скопје-Кочани-Скопје, по два дена прекин, повторно е во сообраќај.

– Возот не сообраќаше два дена, откако во понеделникот во 17:20 часот, пред Овче Поле, на пат кон Штип, излета единствениот вагон од шините. За среќа, во несреќата неповредени остана двајцата патници, кондуктерот и машиновозачот, соопштија од ЈП Македонски железници – Транспорт.

Оттаму велат дека екипа на ЈП Македонски Железници – Инфраструктура, вчера направила стручен увид за утврдување на причините на несреќата. Оштетениот вагон е испратен на поправка.

Возот на релација Кочани-Скопје сообраќа рано наутро и обратно, попладне со поаѓање од станицата во Скопје во 15:20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот