Линхарт и Блинкен: Потребно повеќе, а не помалку присуство на Западот на Западен Балкан

Михаел Линхарт, австриски министер за надворешни работи
Михаел Линхарт, австриски дипломат во посета на Скопје/ Фото СП/ Драган Митрески

Австрискиот министер за надворешни работи Мајкл Линхарт и министерот за надворешни работи на САД Ентони Блинкен сметаат дека е потребно повеќе, а не помалку присуство на Западот на Западен Балкан.  Ова за АПА го изјави министерот Линхарт по телефонскиот разговор со неговиот американски колега.

Тој посочи дека тема на разговор бил пристапот на Западен Балкан кон ЕУ, во кој Блинкен го поздравил посилниот ангажман на Австрија во регионот.

„Во наш заеднички интерес е Европската унија и САД да бидат присутни во регионот и да дејствуваат координирано”, рече Линхарт. Блинкен и се заблагодари на Австрија за организацијата на неодамнешната конференција за иднината на Белорусија, а двајцата министри оценија дека не смееме да се попушти пред уцените на режимот на Александар Лукашенко. Блинкен, исто така, се заблагодари на Австрија за   разговорите за иранската нуклеарна програма. Линхарт нагласи дека во овие разговори, по пауза од неколку месеци, мора да се влезе со реални очекувања.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот