Линдзи Лохан и Џејк Пол обвинети за крипто измама

Фото Колаж на СП

Холивудската ѕвезда Линдзи Лохан, заедно со познатиот јутубер Џејк Пол и уште пет други познати личности, меѓу кои раперот Соулџа Бој, пејачот Остин Махоун, порно актерката Кендра Ласт, раперот Лил Јахти, пејачите Не-Јо и Ејкон беа обвинети од американските регулатори за учество во нелегална крипто шема, пишува „Би-би-си“. Преку социјалните мрежи, каде што само Лохан има 8,4 милиони следбеници, тие промовирале два крипто токена без да откријат дека им биле платени за рекламата.

Обвиненијата беа објавени од страна на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ) во вчерашното соопштение. Лохан и Пол платиле за да ги решат обвиненијата без да ја признаат вината.

„Групата ги промовираше крипто-средствата TРX и БTT без да открие дека тие се компензирани за тоа и колкав е нивниот износ на компензација“, соопшти Комисијата.

Американската комисија тврди дека Лохан е државјанка на Дубаи и досега платила 10 милиони долари и уште 30.000 долари казни за да се откаже од обвинувањата дека активно барала инвестиции во неликвидните токени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот