Лина Ѓорческа ќе игра за финале на Челинџер турнирот во Словенија

Лина Ѓорческа/фото: mtftennis.mk

Денеска на ВТА Челинџер 125 турнирот што се игра во Љубљана, Словенија, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето во двојки.

Заедно со Џил Тајхман од Швајцарија во четвртфиналната фаза славеа над чешките натпреварувачки Каролина Кубанова и Анета Лабуткова со 2:6, 7:5 (5) и 10:5.

За пласман во големото финале Тајхман и Ѓорческа ќе играат против првите носителки Естел Касино од Франција и Анастасија Детуик од Чешка.

Во големото финале веќе се Нуриа Бранкачио (Италија) и Лејре Ромеро Гормаз (Шпанија) кои со 7:5, 6:7 (4) и 10:6 славеа против чешките тенисерки Џесика Малекова и Марија Скок.

Овој турнир во Љубљана се игра за награден фонд од 100.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот