Лили Ален нападната на социјалните мрежи затоа што се пошегувала со смртта на принцот Филип

Unsplash
Unsplash

Пејачката Лили Ален се најде на мета на бројни критики во јавноста откако на социјалните мрежи пејачката прокоментирала на една објава на која се пошегувала со смртта на принцот Филип.

Лили во коментарот „емотикони“ кои плачат од смеа, на една виралната содржина на која била прикажана „принцезата Дијана како се лути затоа што принцот Филип доаѓал во рајот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Queen of MySpace (@lilyallen)


„Умрев смеејќи се на ова со Дијана“, напишала пејачката, а тоа предизвикало лутина кај бројните обожаватели на британското семејство.


Поради огромните критики на нејзината сметка, пејачката веднаш се огласи на својот профил на Твитер:

„Вечерва има многу тролови и ботови на Интернет. Почивај во мир, Филип. Сигурно би го сакале овој надзорен капитализам во доцна фаза“, напиша Лили.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)


Сепак, нејзиниот пост на Твитер дополнително ги разбесни дел од луѓето кои продолжија да ја осудуваат Лили.

„Мислите дека ова е смешно? Имајте малку почит. Некој умрел“, „Како би се чувствувале кога би бил вашиот сосед? Ова е несоодветно“, беа само дел од коментарите на многумина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот