Лиле Стефановска: Не стравувам од ништо, Јанева ги потпишува одлуките

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Не стравувам за ништо, ништо не сум потпишувала, бидејќи согласно законот, сите одлуки ги потпишува Катица Јанева или нејзините заменици, рече обвинителката на СЈО Лиле Стефановска која го води предметот „ Империја“.

– Не стравувам, нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали треба Јанева да стравува. Сите одлуки согласно законот ги носи и потпишува Катица Јанева или во нејзино име, овластени јавни обвинители. Јас немам потпишано ниту една одлука која излегла од ова обвинителство, како онаа за пуштање од притвор во домашен притвор, ниту пак тоа за враќање на патната исправа – рече Стефанова.

Таа и денеска ги демантираше информациите што се појавија вчера дека во нејзинот дом бил извршен претрес.

Стефанова не одговори на прашањето каква улога во предметот „Империја“ имала Катица Јанева, со објаснување дека во мометот не може да се откриваат повеќе детали за да не се наруши истрагата што ја води Обвинителството за организиран криминал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот