Лилард од карантинот во Дизни Ворлд тргна да ги освојува музичките топ листи(ВИДЕО)

Кошаркарот на Портланд одлучи дел од своето време кое го поминува во „НБА балонот“ во Дизни Ворлд во Орландо го користи за снимање песни.

Ѕвездата на Портланд кој уште пред пет години под уметничкото име Dame D.O.L.L.A. заплови во хип-хоп и рап водите, си постави мини студио за снимање песни во својата соба во Дизни Ворлд.

Од опремата тука се микрофон, слушалки, лаптоп со посебен софтвер за снимање и аудио интерфејс.

View this post on Instagram

Live from the Bub… #JustTurned30

A post shared by Damian Lillard (@damianlillard) on

– Ги слушам луѓето кои зборуваат дека другите ќе се жалат зашто снимам музија, но немам звучници, имам слушалки. Рапувам гласно, но не врескам, никој нема да ме слушне како рапувам – објаснува Лилард.

Кошаркарот на Портланд во петокот ги објави новиот сингл и музичко видео „Домашен тим“ во кој пее за „силата и способноста за опоравување на афроамериканските семејства во САД“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот