Лила Филиповска: Оваа хајка против мене трае веќе подолг период, тоа е ноторна лага, парите се вратени

Фото: Слободен печат

Лила Филиповска за „Фокус“ појаснува дека изминатиот период се води хајка против неа, со што и е нанесена огромна штета, поради валкање на нејзиното име и чест.

Водителката Лила Филиповска демантира дека учествувала во измама на градежната фирма „Дан-Мак“, од каде што обвинуваат дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти за изградба на домови на стари лица.

Во повеќето медиуми беа објавени изјави од наводно измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија, која посочува дека пред две години поднела кривична пријава против Бојан Јовановски и Филиповска, а која според неа, била заборавена во некоја обвинителска фиока.

Лила Филиповска за „Фокус“ појаснува дека изминатиот период се води хајка против неа, со што и е нанесена огромна штета, поради валкање на нејзиното име и чест.

-Ноторна лага е тоа што го кажува госпоѓата, чие име и не сакам да го изговорам. Оваа хајка против мене трае веќе подолг период, со објавување на неточни и половични информации. Вистината е дека парите се вратени, за што доказ се и уплатниците кои ви ги доставивме. Во моментот се води граѓанска постапка, која е при крај, а која не треба да биде во интерес на јавноста, но очигледно е дека намерата е да се згази по мојата чест и углед, вели Филиповска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот