Ликовни портрети што ја подигнуваат свеста за борбата против ракот

Во големиот салон на галерија „Ко-Ра“ при ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје до 29 ноември ќе биде поставена изложба со ангажиран карактер. Со наслов „Рак не е само хороскопски знак“ авторот Сокол Марковски својата изложба ја посветува на лицата заболени од рак.

„Идејата врз која го градам проектот со двосмислен наслов произлегува од различните емотивни и физички состојби со кои се соочуваат болните од рак. Луѓето што се борат со некаква форма на рак не се претставувани во доменот на визуелните уметности кај нас, затоа целта на проектот е да допре и до социолошките аспекти преку портрети на замислени ликови и да предизвика сочувство кон нивната секојдневна борба.

Во случајов ценам дека претставувањето портрети (портретниот жанр како определба го усовршувам подолг период) е најдиректна или најексплицитна форма на соединување на личните состојби и сознанија и ’сознанијата на колективот‘ (или негов дел).

Конечно, преку приказот на една човечки драматична состојба на внатрешната хистерија и хаос на кои е константно подложена индивидуата, апелирам на уште еден ликовно ангажиран начин да се подигне личната и општествена свест за борбата против ракот“, посочува Марковски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 107, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 27-28 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот