Ликовна уметност: Со изложба на ДЛУМ заврши „Скопско лето“

Отворањето на традиционалната изложба „Цртеж – Експериментален цртеж“ на ДЛУМ го означи крајот на годинашното издание на летната манифестација „Скопско лето“, која ја организираше Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во текот на изминатите 30-ина дена вложи максимални напори и во отежнати и специфични услови, во време на пандемија, да ја организира омилената летна манифестација „Скопско лето“. Со спроведување на сите објавени протоколи со мерки за заштита, Дирекцијата организираше музички концерти, промоции на книги, изложби, театарски претстави, а се одржа и популарното кафе-кино под отворено небо во Сули ан.

Во фокусот на програмата беа домашните уметници. Директорот на „Скопско лето“, Никола Глигоров, покрај благодарноста што ја упати до сите учесници, до покровителот на манифестацијата – Град Скопје и на поддршката од Министерството за култура, нагласи дека во земјава имаме доволно потенцијал, ентузијазам и волја меѓу уметниците за исполнување на програмата и без звучни гостувања од странство.

Манифестацијата „Скопско лето“ беше затворена со отворањето на традиционалната годишна изложба „Цртеж – експериментален цртеж“ на ДЛУМ, која се организира под покровителство на Министерството за култура на Р.С. Македонија и Град Скопје. Изложбата е поставена во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во ГТЦ на 2 кат и трае од 5 до 15 август, до кога симболично продолжува и „Скопско лето“.

Прочитајте и...  Поетска награда: „Дон Луиџи де Лиегро“ за Наташа Сарџоска

Селекцијата на делата што се претставени на изложбата ја направија членовите на Уметничкиот совет на ДЛУМ, а осврт за изложбата даде претседателката на Уметничкиот совет, Дијана Томиќ Радевска.

– Цртежот е стар начин на изразување колку и самиот човечки род. Убавината на една линеарна композиција, естетската едноставност, но и комплексноста на линиите, на површините, како и јасното владеење на перспективите цртежот го прават возбудлива техника со богати можности. Изложбата на ДЛУМ има за цел да ги зачува вредностите на оваа класична техника, провоцирајќи насоки кон експериментирање и иновативност, охрабрувајќи ги уметниците да ги исцртаат своите актуелни записи – забележува Дијана Томиќ Радевска.

Задачата што ДЛУМ како здружение на ликовните уметници си ја поставило е да ја одржува сцената активна и да се обиде да го одржи интересот на уметникот да го каже својот став преку цртежот, да биде жив цртачки наратор.

Прочитајте и...  Заврши 19. издание на фестивалот „Синедејс“: Цело Скопје стана кино-простор

Задачата ја прифатиле и со свои дела на изложбата учествуваат 22 автор(к)и: Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Стевановска, Ѓорѓи Динев, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Жани Гелевска Вељановска, Златко Глигоров, Ива Станковска, Јовица Мијалковиќ, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Нарциса Андреевска, Наташа Андонова, Пандора Апостолоска Саздовска, Сашо Саздовски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска и Филип Фидановски.

Наградената авторка Марија Мицова Гацова со делото „Колективна дата база“

На изложбата се доделува една награда од ДЛУМ за најдобар цртеж. Наградата ја доби Марија Мицова Гацова за делото со наслов „Колективна дата база“. „Со класичниот третман на цртеж во јаглен и со својата едноставност авторката успева да создаде текстура и слоевитост. Визуелната оптичка вибрација постигната со минималистички репетитивни потези асоцира на современото дигитално писмо и запис. Експериментот низ најстариот цртачки алат, јагленот, дотолку инвентивно е применет запазувајќи актуелна тема, реферирајќи на современите стравови и морални дилеми“, образложи Уметничкиот совет.

Прочитајте и...  Театарска награда: „Будење на пролетта“ победи на МТФ „Скупи фестивал“
Цртеж „Колективна дата база“

Наградената авторка на отворањето на изложбата истакна дека признанијата што ги добива од својот еснаф за неа имаат најголемо значење.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 43, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 август 2020)

Прочитај повеќе

Стручна книга: Значењето на односите со јавноста согледано од новинарката Каролина Мицевска

Тони Димков

Министерство за култура: Мандатна визија што се потпира на три главни столба

Тони Димков

Заврши 19. издание на фестивалот „Синедејс“: Цело Скопје стана кино-простор

Тони Димков

Поетска награда: „Дон Луиџи де Лиегро“ за Наташа Сарџоска

Тони Димков

Театарска награда: „Будење на пролетта“ победи на МТФ „Скупи фестивал“

Тони Димков

Денови на македонска музика: СОКОМ ги додели наградите за најуспешните творци и изведувачи

Тони Димков

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Струшка музичка есен: Музиката во/низ просторот и времето

Тони Димков

Излезе „Културен печат“ број 50 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

Книжевен мозаик: „Магор“ објави десет европски автори

Тони Димков

Книжевна промоција: Нов роман „На враќање“ од Фросина Пармаковска

Тони Димков

Зборник на народна еротика: „(И)стории од долапот“ од д-р Ана Мартиноска

Тони Димков

Книжевна резиденција: Писателката Маја Солар престојува во Скопје

Тони Димков