Ликовна дејност: МКЦ упати повик за учество во ликовната програма

Уметниците што сакаат со проекти од областа на визуелните и применетите уметности да бидат дел од ликовната програма на МКЦ во 2021 година, можат онлајн да се пријават со аплицирање преку сајтот на МКЦ. На повикот можат да се пријават автори, куратори, уметнички групи/колективи, уметнички и културни организации и институции.

Учесниците ќе бидат селектирани врз основа на поднесените апликации, за кои ќе одлучува комисијата и програмскиот колегиум на МКЦ. Квалитет, иновација, потреби од МКЦ и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

Повикот за аплицирање е отворен најдоцна до 17 февруари 2021 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 67, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 6-7 февруари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот