Лигата на шампионите се враќа, без македонски фудбалери сезонава
Новата сезона во најелитното клупско фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите, своето 29. издание во овој формат, а вкупно 66. сезона ја започнува вечерва си првите осум натпревари.
Во новото издание на ЛШ нема да има македонски фудбалери, а нема да има ниту екипи од регионот, додека бранител на трофејот е германскиот Баерн Минхен. Новиот шампион ќе биде познат на 29. мај идната година кога е предвидено во Истанбул да се игра големото финале.
Во новата сезона четири екипи се дебитанти во ЛШ, и тоа Башакшехир, Краснодар, Митјиланд и Рен.
Вечерва ќе се играат натпреварите од групите Е,Ф,Г и Х, новата сезона ќе биде отворена со наптреварите Динамо Киев – Јувентус и Зенит – Бриж, а дербито ќе се одигра на „Паркот на принцевите“ каде ПСЖ го пречекува Манчестер јунајтед.
Вечерва играат:
Динамо Киев – Јувентус
Зенит – Бриж
ПСЖ – Манчестер јунајтед
Челси – Севиља
Лацио – Борусија Дортмунд
Барселона – Ференцварош
Лајпциг – Башакшехир.