Лигата на шампионите не може без овие шест клуба

Баерн Минхен вкупно шестпати беше европски шампион/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Пет европски клубови имаат над 200 настапи во најелитното клупско натпреварување на Стариот континент од неговото основање.

Од моментот кога натпреварувањето започна да се вика Лигата на шампионите, а тоа беше во 1992 година, само пет клуба ја „пробија“ бројката од 200 одиграни натпревари во ова натпреварување.

Во вторник на Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед и Јувентус ќе им се придружи Порто, кој по 200 пат ќе ја слуша химната на Лигата на шампионите против Ливерпул на „Драгау “.

Португалците еднаш успеаја да ја подигнат титулата европски шампион откако беше наречена Лига на шампиони, во 2004 година под водство на Жозе Мурињо.

Заедно со Јувентус имаат најмалку две европски титули, вкупно два. Реал Мадрид има најмногу од сите екипи, вкупно седум. Барса ги освои сите пет титули од 1992 година, а потоа следуваат Баерн и Јунајтед.

Кога од „прва“ ќќе одговорите на прашањето за настапите на клубовите во ова натпреварување, сигурно повеќе би размислиле за седумкратниот европски шампион Милан, или шесткратниот Ливерпул. Но, тие сè уште не го надминале споменатиот број натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот