Лигата на шампионите наместо во Истанбул ќе се игра во Германија

Предвидено е наместо финале да има фајнал фор турнир.

Завршницата на натпреварувањата во организација на УЕФА, Лигата на шампиони и Лигата на Европа, ќе се одржи во август, а на 17. јуни ќе бидат познати сите детали.

УЕФА веќе направи првичен план според кој на 6. август треба да се одиграат првите натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа, а реваншите би се играле два дена подоцна.

Финалето на ЛШ треба да се одигра на 29 август, но се уште ништо не е познато како и кога ќе се играат останатите елиминациски рунди.

Според планот на УЕФА, во четвртфиналињата би се играл само еден натпревар, а во игра е одржување и фајнал фор во Истанбул.

Но, Скај Спортс Италија открива дека УЕФА размислува да го пресели фајнал фор турнирот во Германија бидејќи веќе се одиграа две кола од Бундеслигата пред празни трибини, додека состојбата во Турција е неизвесна поради пандемијата на коронавирусот.

Пласман во четвртфиналетоод ЛШ веќе обезбедија ПСЖ, Атлетико Мадрид, Аталанта и Лајпциг, додека останатите четвртфиналисти ќе бидат познати по одигрувањето на реваншите помеѓу Баерн – Челси (3:0), Барселона – Наполи (1:1), Манчестер сити – Реал Мадрид (2:1) и Јувентус – Лион (0:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот