Лигата на Европа ќе заврши со мини турнир!?

twitter/Premier League

Според информациите, градската администрација доставила документи до УЕФА, со кои ја прогласува својата желба да го прифати остатокот од натпреварувањето.

Турнирот во Лигата на Европа би можел да биде продолжен во август со мини-турнир во Франкфурт (Германија), според германскиот дневен весник „Зидојче Цајтунг”.

Според информациите, градската администрација доставила документи до УЕФА, со кои ја прогласува својата желба да го прифати остатокот од натпреварувањето.

Конечната одлука ќе биде донесена на состанокот на извршниот комитет на централата, закажан за 17 и 18 јуни 2020 година.

Ќе се разгледаат и апликациите за домаќин на Лигата на шампионите, за коj се пријави и Франкфурт, но според „Билд”, завршницата на овој турнир ќе се одржи во Лисабон.

Потсетување дека минатата сезона титулата во ЛЕ ја освои екипата на Челси која во финалето го совлада Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот