Лигата на Европа е Куп на лузерите (ВИДЕО)

twitter.com/punditjay

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен ги посрамоти челниците на УЕФА во преносот во живо.

Денешната жрепка за завршницата во ЛШ и ЛЕ помина во знакот на техничките проблеми и доцнењето, а сол на раната на УЕФА и додаде и поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Томас Хелмер.

Хелмер во еден момент додека разговараше со водителот на жрепката Педро Пинто, незнаејќи дека го снимаат, покажа кон заменикот генерален секретар на УЕФА, Џорџо Маркери кој е задолжен за организација на извлекувањето на двојките за завршницата во европските купови и му рече на Пинто:

„Знаеш ли како овие ја нарекуваат Лигата на Европа, Куп на лузерите“, а реакцијата на Маркети беше „кисела насмевка“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот