Лига на шампиони: Манчестер сити за историја, „отпишаниот“ Интер за чудо во Истанбул

фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Остануваат два дена (сабота, 10 јуни) до финалето во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер сити и Интер кои ќе играат во Истанбул. со почеток од 21 часот.

Навивачите на трикратниот последователен шампион на Англија и славниот милански клуб полека пристигнуваат во градот каде пред 18 години се играше најспектакуларното финале во историјата на елитното натпреварување.

И тогаш, како и сега, англискиот и италијанскиот тим се бореа за трофејот, а Ливерпул славеше по неверојатен пресврт, откако Милан водеше со 3:0 на полувремето. Откако го елиминираше бранителот на титулата Реал, Манчестер сити сака да го повтори подвигот на Манчестер јунајтед во 1999 година со тројната круна. Воедно, Сити ќе се обиде да ги израдува своите фанови по поразот во финалето пред две години од Челси (1:0) и да биде 23 клуб со титула европски првак, а шести од Англија, по Јунајтед, Ливерпул, Челси, Нотингем форест и Астон Вила.

– Ни претстои тежок натпревар, не бегаме од улогата на фаворити, но финалето е секогаш посебно. Интер има квалитет и ќе мора да играме трпеливо – изјави менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола пред заминувањето за Истанбул.

Од друга страна, Интер пристигнува по освојувањето на Суперкупот и Купот на Италија, со желба по четврти пат да го „освои“ Стариот континент, првпат по 2010 година со Жозе Мурињо.

– Го заслуживме финалето, игравме добро цела сезона и верувам дека можеме да го сториме истото против Сити. Бевме „отпишани“ во групата со Баерн и Барселона, во полуфиналето бевме одлични против градскиот ривал Милан. Ова е еден натпревар и сè е можно – вели тренерот на Интер, Симоне Инѕаги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот