ЛИГА НА ШАМПИОНИ: Еурофарм Работник по изненадување против Спортинг!

facebook.com/rkeurofarmrabotnik/

Во салата „Боро Чурлевски“ од 17.00 часот Еурофарм Работник ќе дебитира и во Лигата на шампионите со натпреварот против Спортинг.

Во тимот владее позитивна енергија, подготвени се за првиот настап и со надежи дека ќе стартуваат победнички. Така беше и на стартот од СЕХА лигата кога пред своите навивачи славеа над рускиот тим на Спартак Москва.

Тренерот на битолскиот ракометен клуб, Алушовски заедно со неговите играчи изминатиот период го анализираа противникот од Португалија кој играше четири официјални натпревари и забележа исто толку победи.

– Ќе се обидеме да најдеме игра за нив и да ги изненадиме. Радосен сум што се врати Остроушко. Штета што доаѓа без натпреварувачки ритам, но сигурно ќе го користиме во текот на сезоната, а и очекувам да добие шанса на денешниот дуел – се зборовите на Алушовски.

Лига на шампиони (група „Ц“)

1. коло

Кокс-Савехоф 25:30
Татран Прешов-Бидасоа Ирун 23:25
17.00 часот Еурофарм Работник-Спортинг

СудиитеЕрдоган Курсад и Ибрахим Оздениз од Турција ќе го водат натпреварот, а делегат ќе биде Словенецот Томо Водопивец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот