Лига на професионални „голтачи“ на сендвичи – победникот изел 44 за само 10 минути

Фото: Thomas URBAIN / AFP / Profimedia

Џефри Еспер (35) победи на натпреварот во јадење сендвичи во Њу Џерси, САД, јадејќи 44 за само десет минути, со што ја освои наградата од 2.000 долари, пренесуваат странските медиуми.

„Во многу натпревари оваа година, се се сведуваше на победа со разлика во само еден залак“, рекол Џејмс Веб, кој загуби од Еспер со само еден залак во голтање сендвичи – кифлички со свинско кои се локален специјалитет.

Еспер, Австралиецот кој оваа година се пресели во САД за да се приклучи на Лигата на професионални „голтачи“ на сендвичи (Major League Eating), моментално е рангиран на четвртото место.

Џои Честнат, суперѕвездата на таа лига, победи на 16 од последните 18 изданија на познатиот натпревар за најголем јадеч на хот-дог во државата Њујорк, но овој пат пропушти да јаде свински кифлички.

Инаку, оваа лига е основана во 1997 година и има зголемен број членови поради организирање на натпревари на високо ниво.

Порано победници и фаворити беа членовите од 120 килограми, но сега натпреварувачите се послаби, како Јапонецот Такеру Кобајаши кој има 72 килограми и висок 1,73 метри.

Натпреварувачите рекоа дека сега техниката е во растегливоста на желудникот, а не во општата висина и тежина. Повеќето натпреварувачи се подготвуваат со пиење големи количини течности.

По натпреварот и конзумирање на поголема количина храна, учесниците спијат, пијат течност, јадат многу малку во текот на 48 часа, за да немаат непријатност од гадење и повраќање и други физички тегоби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот