Лига на нации: Шпанците во последната секунда се спасија од пораз против Германија (ВИДЕО)

epa08644881 Emre Can (R) and Suat Serdar of Germany in action against Oscar (C) of Spain during the UEFA Nations League match between Germany and Spain in Stuttgart, Germany, 03 September 2020. EPA-EFE/Philipp Guelland

Дерби натпреварот на стартот од новото издание на Лигата на нации кое се играше во Штутгарт заврши без победник 1:1.


Селекцијата на Шпанија успеа да се спаси од пораз во дуелот против Германија со голот на Гаја буквално во последната секунда од натпреварот.
Во натпреварот од најквалитетната Лига А, Германија преку Тимо Вернер во 51. минута поведе со 1:0, но дефанзивецот на Валенсија, Хозе Гаја во 95. минута ја спаси Шпанија од пораз.

Во вториот натпревар во Лига А, Украина со 2:1 ја совлада Швајцарија. Натпреварот го отвори Јармоленко со голот во 14. минута, но до крајот на првиот дел швајцарците израмнија преку Сеферовиќ во 41. минута. Победничкиот гол беше дело на Зинченко во 68. минута.

Дерби натпреварот во Лига Б се одигра во Москва каде Русија ги казни грешките на Србија и славеше со 3:1.
Сите голови беа постигнати во второто полувреме, а јунак на средбата е Артем Џуба кој даде два гола, додека трентиот гол беше дело на Караваев. Единствениот гол за Србија го постигна Александар Митровиќ во финишот на средбата.


Резултати:
Лига А
Германија – Шпанија 1:1
Украина – Швајцарија 2:1

Лига Б
Бугарија – Ирска 1:1
Финска – Велс 0:1
Русија – Србија 3:1
Турција – Унгарија 0:1

Лига Ц
Молдавија – Косово 1:1
Словенија – Грција 0:0

Лига Д
Летонија – Андора 0:0
Фарски Острови – Малта 3:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот