Лига на нации: Шпанците сигурни, прва победа за Германија! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Денеска во третото коло од Лига „А“ во Лигата на нации репрезентацијата на Шпанија со резултат 1:0 триумфираше против Швајцарија.

Единствениот гол за „црвената фурија“ беше дело на Ојарзабал во 14 минута после една голема грешка во одбраната на гостите.

Во истата група „4“ Германците на Олимпискиот стадион во Киев славеа со 1:2 против Украина. Ова е прва победа во ова издание од натпреварувањето за избраниците на селекторот Лев откако во првите две кола ремизираа со Шпанија и Швајцарија.

Гинтер ја доведе водство германската селекција во 20 минута по додавањето на Рудигер, а на стартот од второто полувреме Горецка кој многу случајно се запиша во листата на стрелците после една невнимателна реакција на домашниот голман Бушчан.

Украинците само успеаја да го ублажат нивниот пораз преку Малиновски кој во 77 минута беше прецизен од белата точка.

Лига на нации, резултати

Лига „А“ 
Група 4

Шпанија-Швајцарија 1:0
Украина-Германија 1:2

Табела: Шпанија 7 бодови, Германија 5, Украина 3, Швајцарија 1.

Лига „Ц“
Група 1

Луксембург-Кипар 2:0
Црна Гора-Азербејџан 2:0

Табела: Црна Гора 9 бодови, Луксембург 6, Азербејџан 3, Кипар 0.

Лига „Д“
Група 1

Фарски Острови-Летонија 1:1
Андора-Малта 0:0

Табела: Фарски Острови 7 бодови, Летонија 3, Малта 2, Андора 2.

Група 2

Лихтенштајн-Гибралтар 0:1

Табела: Гибралтар 6 бодови, Лихтенштајн 3, Сан Марино 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот