Лига на нации: Роналдо и Мбапе без муниција, пораз на Србија (ВИДЕО)

epa08736623 France player Presnel Kimpembe (L) fights for the ball with Cristiano Ronaldo of Portugal during the UEFA Nations League soccer match between France and Portugal at Stade de France, Paris, France, 11 October 2020. EPA-EFE/MANUEL ALMEIDA

Двата натпревари во вечерниот термин од Лигата на нации од кои најмногу се очекуваше завршија без голови.

Дуелот на едни од најдобрите фудбалери на денешницата Килијан Мбапе и Кристијано Роналдо односно Франција и Португалија заврши без голови. Голови немаше ниту на натпреварот кој се играше во Гдањск, каде Полска ја пречека Италија.

Најубедливата победа во Лига А ја оствари Данска која со 3:0 славеше на гостувањето кај Исланд. Сигурјонсон со автоголот на крајот од првиот дел и донесе водство на Данска, додека Ериксен на стартот од второто полувреме зголеми на 2:0, додека конечниот резултат го постави Сков во 61. минута.

Во Лига Б, селекцијата на Србија е поразена во Белград со минимални 0:1 од Унгарија. Единствениот гол беше дело на Норберт Кенјвеш кој ја искористи грешката на Гачиновиќ и го совлада голманот Рајковиќ.

Русија и Турција ги поделија бодовите играјќи 1:1, додека Австрија ја оправда фаворитската улога и славеше со 0:1 на гостувањето кај Северна Ирска.


Во Лига Ц, фаворитите остварија очекувани победи, Грција на домашен терен со 2:0 беше поуспешна од Молдавија, додека Словенија со голот на Вучкиќ го победи Косово.

Резултати:
Лига А
БиХ – Холандија 0:0
Англија – Белгија 2:1
Хрватска – Шведска 2:1
Франција – Португалија 0:0
Исланд – Данска 0:3
Полска – Италија 0:0

Лига Б
Република Ирска – Велс 0:0
Финска – Бугарија 2:0
Норвешка – Романија 4:0
Израел – Чешка 1:2
Русија – Турција 1:1
Северна Ирска – Австрија 0:1
Србија – Унгарија 0:1
Шкотска – Словачка 1:0

Лига Ц
Кзахстан – Албанија 0:0
Ерменија – Грузија 2:2
Естонија – Македонија 3:3
Литванија – Белорусија 2:2
Грција – Молдавија 2:0
Косово – Словенија 0:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот