Лига на нации: Пресврт на Англија (ВИДЕО)

epa08736314 Harry Kane of England (R) wins the header during the UEFA Nations League match between England and Belgium in London, Britain, 11 October 2020. EPA-EFE/Neil Hall / POOL

Дерби натпреварот во третото коло од Лигата на нации во дивизијата А се одигра во Лондон каде Англија со 2:1 ја совлада Белгија.

Интересно е што Англија е првата репрезентација која ги совлада Белгијците по две години, и со триумфот се искачија на првото место на табелата.

„Црвените ѓаволи“ поведоа во 16. минута со голот на Ромелу Лукаку кој не греши од белата точка, иако токму напаѓачот на Белгија го собори Ерик Даер по продорот од десната страна. Лукаку со прецизен удар дојде до 52. гол во дресот на Белгија и стана најдобар стрелец во историјата својата земја.

Англичаните до крајот на полувремето успеаја да израмнат на идентичен начин, Маркус Рашфорд го реализира ударот од белата точка откако претходно беше фаулиран Џордан Хендесон.

Пресвртот и големата победа за Англија го донесе Мејсон Маунт чиј шут во 65. минута го закачи Кевин де Брујне и го измами голманот Мињоле.

Репрезентацијата на Хрватска со 2:1 ја совлада Шведска благодарение на Андреј Крамариќ кој го постигна победничкиот гол во 84. минута. Претходно „коцкестите“ поведоа во 32. минута преку Никола Влашиќ, додека искусниот Маркус Берг во 66. минута донесе израмнување.


Во дивизијата Б, Норвешка благодарение на хет-трикот на Ерлинг Халанд со убедливи 4:0 ја совлада Романија, додека сигурен настап на домашен терен имаше и Финска која славеше со 2:0 во дуелот со Бугарија.


Во нашата група, Ерменија и Грузија ги поделија бодовите откако на неутрален терен во Полска ремизираа играјќи 2:2, а со идентичен резултат заврши и натпреварот помеѓу Литванија и Белорусија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот