Лига на нации: Македонските репрезентативци тренираа на Динамо Арена! (ФОТО)

фото: ffm.mk

Нашите најдобри фудбалери го почувствуваа теренот на стадионот во Тбилиси каде во вторник (8 септември) од 18.00 часот се среќаваме против Грузија во вториот натпревар од групата „Ц“ на Лига на Нации.

Без Иван Тричковски и Кире Ристевски поради повреди воопшто не допатуваа за вториот дуел во групата „2“.

фото: ffm.mk/Енис Барди, репрезентативецот на Македонија
фото: ffm.mk/Тренинг на македонските репрезентавци на „Динамо Арената“
фото: ffm.mk/Игор Ангеловски, селекторот на македонската А репрезентација

Селекторот Игор Ангеловски со стручниот штаб ги реализираат последните подготовки пред натпреварот со грузиската селекција.

Атмосферата меѓу играчите е одлична, а се посакува втора победа по ред во новото издание на Лига на Нации.

На првиот дуел во саботата на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје со 2:1 беше поразена Ерменија.

Ангеловски: Да покажеме добар фудбал, не сме фаворити против Грузија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот