Лига на нации: Италија во полуфиналето против Шпанија!

Фото: Твитер/uefa.com

Во Нион беа извлечени паровите од полуфиналето за завршниот турнир од второто издание во УЕФА Лигата на нации кое следната година ќе се игра во Италија.

Домаќинот во полуфиналето ќе игра против репрезентацијата на Шпанија, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Белгија и Франција.

Натпреварите ќе се играат на 6 и 7 октомври 2021 година на стадионите во Милано и Торино.

Победниците во ова натпреварување ќе се борат за титулата шампион на 10 октомври.

Во првото издание трофејот го освои селекцијата на Португалија која во финалето одиграно во Порто ја совлада Холандија со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот