Лига на нации: Дожд од голови во Келн, Шпанија падна во Киев (ВИДЕО)

epa08741858 Germany's Serge Gnabry (R) in action Switzerland's Nico Elvedi (C) during the UEFA Nations League group stage, League A, group 4 soccer match between Germany and Switzerland in Cologne, Germany, 13 October 2020. EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Репрезентациите на Германија и на Швајцарија одиграа фантастичен натпревар на кој беа постигнати шест гола.

Во најефикасниот натпревар на вечерта во натпреварите од Лигата на нации, Германија и Швајцарија одиграа 3:3.

Швајцарците по само 26. минути игра имаа предност од 0:2 благодарение на голивите на Гаврановиќ во петтата и на Фројлер во 26. минута.

Убедливата предност на гостите траеше само две минути бидејќи Тимо Вернер со лукав удар го намали резултатот. Во второто полувреме, Каи Хаверц на стартот носи израмнување, но само две минути подоцна, во 57. минута Гаврановиќ го постигна својот втор гол вечерва.

Лудиот натпревар донесе ново возбудување само три минути подоцна кога Гнабри со пета израмни на 3:3 и на крајот овој резултат се покажа како конечен.

Во вториот натпревар од Лигата А, Украина приреди вистинско изненадување победувајќи ја фаворизираната Шпанија со 1:0. Победничкиот гол го постигна Циганков во 76. минута.


Уште едно големо изненадување се случи во Лигата Б каде Црна Гора во Подгорица е поразена со 1:2 од Луксембург. Ивановиќ ги донесе Црногорците во водство во 34. минути, со фудбалерите на Луксембург направија пресврт благодарение на головите на Муратовиќ и на Синани во 86. минута.

Резултати
Лига А
Германија – Швајцарија 3:3
Украина – Шпанија 1:0

Лига Ц
Азербејџан – Кипар 0:0
Црна Гора – Луксембург 1:2

Лига Д
Летонија – Млата 0:1
Фарски Острови – Андора 2:0
Лихтенштајн – Сан Марино 0:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот