Лига на нации: Босанците останаа непоразени во Фиренца, минимален триумф за „лалињата“ (ВИДЕО)

epa08647606 Bosnia-Herzegovina's forward Edin Dzeko (C) in action during the UEFA Nations League soccer match between Italy and Bosnia-Herzegovina at the Artemio Franchi stadium in Florence, Italy, 04 September 2020. EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Репрезентацијата на БиХ успеа да остане непоразена на стартот од новото издание од Лигата на нации и тоа на гостувањето во Фиренца  кај Италија играјќи 1:1. Најдобриот играч на БиХ, Един Џеко во 57. минута ја погоди мрежата на домаќините, но одговорот на „аѕурите“ дојде само 10 минути подоцна и тоа преку Сенси.


Во вториот натпревар од Лига А, Холандија благодарение на голот на Стивен Бергвајн во 61. минута ја совлада Полска која на овој натпревар играше без својот најдобар фудбалер, Роберт Левандовски, кој доби заслужен одмор по триумфот во Лигата на шампионите со Баерн Минхен.

Во Лига Б, Норвешка доживеа пораз на домашен терен од Австрија со 1:2. Австријците со головите на Грегориш во 35. и на Сабицер во 54. минута поведе со 0:2, а голот за домашната селекција беше дело на Ерлинг Халанд во 66. минута.


Чешка релативно лесто со 1:3 ја совлада Словачка, додека натпреварите помеѓу Романија-Северна Ирска и Шкотска-Израел завршија без победник.

Резултати:
Лига А
Италија – БиХ 1:1
Холандија – Полска 1:0

Лига Б
Норвешка – Австрија 1:2
Романија – Северна Ирска 1:1
Словачка – Чешка 1:3
Шкотска – Израел 1:1

Лига Ц
Литванија – Казахстан 0:2
Белорусија – Албанија 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот