Лига на нации: Без Тричковски против Ерменија

Фото: ФФМ

Нови проблеми за селекторот Игор Ангеловски пред првиот натпревар в сабота од новото издание во Лигата на нации против Ерменија.

Голманот Столе Димитриевски не допатува во главниот град поради позитивен тест на Ковид-19, а поради повреда на предната ложа во комбинација за настап на двата натпревари против Ерменија и Грузија ќе недостасува и Даниел Аврамовски.

Денеска новите информации велат дека Иван Тричковски ќе го пропушти дуелот со селекцијата на Ерменија.

Играчот на кипарскиот клуб тренираше одвоено, но не го издржа денешниот тренинг. Селекторот се надева дека ќе биде на располагање за мечот во Тбилиси на 8 септември.

Дуелот против Ерменците ќе го играме од 15.00 часот утре на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот