Лига на Нации: Извлечени паровите за Ф4 турнирот

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во јуни ќе се игра завршниот турнир во Лигата на Нации на кој домаќин е Холандија, а денеска се одржа ждрепката.

Холандскиот ветеран Весли Снајдер ги влечеше паровите, a неговата Холандија ќе се соочи против Хрватска, додека во второто полуфинале ќе играат Шпанија и Италија што е реприза на минатогодишното полуфинале.

Првото полуфинале се игра на 14 јуни, додека второто еден ден подоцна. Мечот за трето место е закажан на 18 јуни во 15 часот, а финалето се игра истиот ден од 20.45 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот