Лига на нации: Ерменија во победничка атмосфера доаѓа во Скопје

фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

После ремито меѓу Фарски Острови и Македонија (1:1), денеска се одигра и вториот натпревар во групата 4 во Лигата на нации од Ц сегментот.

Репрезентацијата на Ерменија на домашен терен со убедлив резултат 4:1 славеше против Летонија.

Веќе во шестата минута ерменската селекција беше во водство со голот на Бичахчјан. Само три минути подоцна Летонците дојдоа до израмнување благодарение на автоголот на Харутјунјан.

Во 35 минута видовме уште еден автогол, но во мрежата на гостите, трагичар беше Дубра за 2:1 позитива на домаќините.

На стартот од вториот дел за 3:1 се погрижи Зеларајан, а конечниот епилог го постави Спертсјан во 86 минута на стадионот во Ереван.

Токму Ерменците ќе бидат нашиот следен ривал на 10 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките од второто коло.

ФФМ ги одреди цените на билетите за натпреварот Македонија – Ерменија во Лигата на нации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот