Лига на конференции: Академија Пандев брка изненадување во Полска

Академија Пандев е аутсајдер во двомечот со полската Лехија Гдањск/Фото: facebook.com/fkakademijapandev

Денеска од 20.15 часот екипата на Академија Пандев против Лехија Гдањск ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на конференции.

„Пандевци“ предводени од тренерот Ѓорге Стојчев се аутсајдери на вечерашниот дуел, но ветуваат голема борба за поволен резултат пред реваншот на 14 јули во Скопје.

Во пресрет на овој европски предизвик, Академија Пандев имаше припреми во Банско, ова лето се засили со неколку играчи: Марко Ѓорѓиевски, Давид Бошески, Душан Јоковиќ, а договорот го продолжи Марко Алчевски.

Овој клуб дебитираше на европската сцена во сезоната 2019/2020 кога во првото квалификациско коло на Лига Европа претрпе два порази од босанскиот Зрињски Мостар (0:3, 0:3).

Лига на конференции
1. квалификациско коло (први натпревари)

Денеска, двојки –

17.00 часот
Алашкерт – Хамрун
Санта Колома – Бреидаблик

18.00 часот
Борац Бања Лука – Б36 Торшавн
Паневезис – Милсами
Флора – СЈК
КуПС – Дила Гори
Магпис – Крусејдерс
Погон Шчекин – Рејкјавик
Сабуртало Тбилиси – Партизани

18.30 часот
Ружомберок – Кауно Жалгирис

19.00 часот
Динамо Тбилиси – Паиде
Флориана – Петрокуб
О. Љубљана – Диферданж
Сф. Георге – Мура

20.00 часот
Дин. Минск – Дечиќ
Фола – Тре Фиори
Гиљани – Лиепаја
Торшавн – Њутаун
Лачи – Искра
Шкендија – Арарат Ереван

20.15 часот
Лехија Гдањск – Академија Пандев

20.30 часот
Дун. Стреда – Клифтонвил

20.45 часот
Дери Сити – Рига
Тре Пене – Тузла Сити

ФК Академија Пандев: Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групите на ЛШ?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот