Лига на Европа: Наполи победи и за Диего (ВИДЕО)

epa08845065 Napoli's Andrea Petagna (C) in action during the UEFA Europa League group F soccer match SSC Napoli vs HNK Rijeka at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 26 November 2020. EPA-EFE/CIRO FUSCO

Фудбалерите на италијанскиот тим во четвртото коло од групата Ф во Лигата на Европа со 2:0 ја совладаа Ријека и направија голем исчекор кој пласманот во нокаут фазата.

Пред натпреварот, навивачите приредија спектакуларен огномет околу стадионот „Сан Паоло“, додека фудбалерите на теренот истрчаа со дресови со бројот 10 во чест на Диего Армандо Марадона кој почина вчера.

Наполи поведе во 41. минута со автоголот на Анастисио, а конечниот резултат го постави Ирвинг Лозано во 75. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше во првиот тим на Наполи и играше со 69. минута кога беше заменет од Мертенс, додека на спротивната страна, Дарко Велковски го одигра целиот натпревар за Ријека.


Убедлив триумф остави Тотенхем кој во Лондон со 4:0 го победи Лудогорец и се израмни со Антверпен на првото место на табелата во групата Ј. Тотенхем до победата го предводеше Карлос Винисиус кој постигна два гола во првиот дел, а во второто полувреме во листата на стрелци се запишаа и Хари Винкс и Лукас Моура.


Фудбалерите на ПСВ го совладаа ПАОК со 3:2 по голем пресврт. Грчкиот тим по само 13. минути игра имаше предност од 0:2 со головите на Варела и на Цолис. Пресвртот го најави Гакпо во 20. минута, а во вториот дел, Мадуке и Мален во 51. и 53. минута го комплетираа чудесниот пресврт.


Интересен натпревар одиграа Ренџерс и Бенфика (2:2). Играчите на Ренџерс со головите на Арфилд во седмата и Руфи во 69. минута поведоа со 2:0, но гостите со автоголот на Таверние во 78. и со голот на Пици во 81. минута дојдоа до израмнување.

Резултати:
АЗ Алкмар – Реал Сосиедад 0:0
Баер Л. – Хапоел Бер Шива 4:1
Клуж – Рома 0:2
Дундалк – Рапид Виена 1:3
Гранада – Омонија 2:1
Наполи – Ријека 2:0
Ница – Славија Прага 1:3
ПСВ – ПАОК 3:2
Ренџерс – Бенфика 2:2
Стандард Лиеж – Леч 2:1
Тотенхем – Лудогорец 4:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот