Лига на Европа: Наполи без Елмас поуспешен од Сосиедад

epa08784776 Napoli's goalkeeper David Ospina (C) in action during the UEFA Europa League group F soccer match between Real Sociedad and SSC Napoli at Reale Arena stadium in San Sebastian, northern Spain, 29 October 2020. EPA-EFE/Javier Etxezarreta

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од клупата за резервни играчи ја проследи победата од 0:1 на неговиот тим Наполи на гостувањето кај Реал Сосиедад во второто коло од Лигата на Европа.
Елмас беше дел од тимот на Наполи откако неодамна се опорави од коронавирусот, но тренерот Џенаро Гатузо не му даде можност да заигра. Единствениот гол на натпреварот го постигна Матео Политано во 56. минута од натпреварот.

Вториот италијански тим, Рома не успеа да дојде до победа на „Олимпико“ во дуелот со ЦСКА Софија. Фудбалерите на „римската волчица“ иако доминираа во текот на сите 90. минути, не успеаја да најдат начин да го совладаат голманот на ЦСКА, Бусато.

Останатите фаворити без поголеми проблеми дојдоа до победите, Арсенал и Бенфика славеа со идентични 3:0 над Дундалк односно Стандард Лиеж, додека на Ренџерс му беше доволен само еден гол против Лех.
Изненадување претставува поразот на Баер Леверкузен од 1:0 на гости кај Славија Прага. „Фармацевтите“ од 22. минута играа со играч помалку по исклучувањето на Белараби, а голот го примија на 10. минути пред крајот на натпреварот. Стрелец на победничкиот гол за чешкиот тим беше Олајинка.
Резултати:
Зорја – Брага 1:2
АЗ Алкмар – Ријека 4:1
Арсенал – Дундалк 3:0
Рома – ЦСКА 0:0
Бенфика – Стандард 3:0
Клуж – Јанг бојс 1:1
Гранада – ПАОК 0:0
Молде – Рапид Виена 1:0
Ница – Хапоел Бер Шива 1:0
Омонија – ПСВ 1:2
Ренџер – Лех 1:0
Реал Сосиедад – Наполи 0:1
Славија Прага – Баер Леверкузен 1:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот