Лига на Европа: Динамо сигурен против Рапид, пораз на Црвена звезда во Белград

Динамо Загреб имаше неславен рекорд во ЛШ/фото: EPA-EFE/Antonio Bat

Фудбалерите на Динамо Загреб со 3:1 го совлада Рапид Виена на „Максимир“ во рамки на четвртото коло во Лигата на Европа.

Тренерот на Динамо, Дамир Крзнар се одлучи за неколку промени во првиот тим, па така капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, остана на клупата.

Австријците поведоа во осмата минута преку Кнасмилнер, но изненадувањето дојде само четири минути подоцна и тоа преку Мислам Оршиќ.

До крајот на првото полувреме „модрите“ направија пресврт и со колот на Комнен Андриќ во 34 минута поведоа со 2:1. Победата ја потврди Јосип Шутало во 83 минута.

Со победата и трите бода, Динамо се искачи на второто место на табелата со шест бодови, два повеќе од Генк кој е следен противник на хрватскиот тим.

Црвена звезда доживеа непријатен пораз на домашен терен од Митјиланд/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Црвена звезда доживеа непријатно изненадување губејќи пред своите гледачи во Белград од Митјиланд со 0:1. Поразот на „црвено-белите“ го најави дефанзивецот Милош Дегенек кој доби црвен картон уште во 12 минута. Единствениот гол беше дело на домашните фудбалери, но за жал го постигнаа во сопствената мрежа, Гелор Канга во 56 минута го совлада сопствениот голман Борјан, а „црвено-белите“ натпреварот го завршија со девет фудбалери бидејќи во судиското продолжение беше исклучен и Гобељиќ.

Резултати:
Група А
Лион – Спарта Прага 3:0
Брондби – Ренџерс 1:1

Група Б
Реал Сосиедад – Штурм 1:1
Монако – ПСВ 0:0

Група Ц
Легија – Наполи 1:4
Лестер – Спартак Москва 1:1

Група Д
Олимпијакос – Ајнтрахт 1:2
Антверпен – Фенербахче 0:3

Група Е
Галатасарај – Локомотив М. 1:1
Марсеј – Лацио 2:2

Група Ф
Црвена звезда – Митјиланд 0:1
Брага – Лудогорец 4:2

Група Г
Баер Леверкузен – Бетис 4:0
Ференцварош – Селтик 2:3

Група Х
Динамо Загреб – Рапид Виена 3:1
Генк – Вест Хем 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот