Лига на Европа: Црвена Звезда пукна „петарда“, пораз на Тотенхем (ВИДЕО)

epa08784421 Red Star's Diego Falcinelli (L) scores the 5-1 goal during the UEFA Europa League group L soccer match between Red Star and Slovan Liberec in Belgrade, Serbia, 29 October 2020. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Фудбалерите на Црвена звезда ја остварија најубедливата победа во првите натпревари од второто коло во Лигата на Европа, декласирајќи го Либерец со 5:1.
„Црвено-белите“ со двата гола на Бен обезбедија водство од 2:0, а до крајот на полувремето Либерец намали преку Матоушек. Во вториот дел, фудбалерите на Црвена звезда го растурија чешкиот тим и со головите на Гајиќ, Катаи и Фалчинели остварија убедлив триумф од 5:1 и ги освоија првите бодови во ЛЕ.

Непријатно изненадување доживеаја Тотенхем и Жозе Мурињо кои загубија со 1:0 на гостувањето кај Антверпен. Единствениот гол беше дело на Рефаелов во 29. минута.

Италијанскиот Милан продолжува со одличните игри на стартот од новата сезона во која нема пораз, а вечерва со 3:0 ја совлада Спарта Прага. „Росоњерите“ поведоа во 24. минута преку Брахим Дијаз, Рафаел Леао во второто полувреме зголеми на 2:0, а Диого Дало го постави конечниот резултат.


Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми беше дел од тимот на Динамо Загреб кој успеа да освои бод на гостувањето кај ЦСКА Москва играјќи 0:0.


Резултати:
Милан – Спарта Прага 3:0
АЕК – Лестер 1:2
Антверпен – Тотенхем 1:0
Црвена Звезда – Либерец 5:1
ЦСКА Москва – Динамо Загреб 0:0
Феенорд – Волфсбергер 1:4
Гент – Хофенхајм 1:4
ЛАСК – Лудогорец 4:3
Лил – Селтик 2:2
Карабаг – Вилјареал 1:3
Сиваспор – Макаби Тел Авив 1:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот